Иран е подготвен за преговори со САД, но под еден услов

30.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран е подготвен за преговори со САД, но под еден услов

Во телефонски разговор со јапонскиот премиер Санае Такаичи, шефот на дипломатијата на Иран, Абас Арагчи, го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од американските дејствија, пишува Скај њуз.

Тој се осврна на блокадата на Ормутскиот теснец, која ја нарече „американско поморско пиратство“. Иранските државни медиуми ја пренесоа неговата изјава во која вели: „Иран е подготвен да продолжи по патот на дипломатијата и преговорите ако Вашингтон го промени своето однесување“.

Ист став со претседателот

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, исто така, разговараше денес со јапонскиот лидер. Според извештаите на државните медиуми, тој исто така истакна дека дејствијата на Израел и САД се одговорни за нестабилноста во регионот.

Дипломатски ќорсокак

Ставовите на Техеран за ова прашање не се нови и биле соопштени и претходно. Сепак, преговорите се во застој бидејќи САД не се откажуваат од блокадата, додека Иран одбива дипломатски контакти сè додека овие услови не се променат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата