Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормутскиот теснец

29.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормутскиот теснец

Дар во објава на X рече дека „владата на Иран се согласи да дозволи уште 20 бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормутскит теснец“.

- Два брода секојдневно ќе го преминуваат протокот – додаде тој.

Дар ја поздрави одлуката како „гласник на мирот“ што „ќе помогне да се воведе стабилност во регионот“.

- Дијалогот, дипломатијата и ваквите мерки за градење доверба се единствениот пат напред – нагласи министерот, кој исто така ја извршува функцијата заменик-премиер.

Пакистан дели граница со Иран долга околу 900 километри и е посредник во услови на зголемен страв дека војната на САД и Израел со Иран би можела да продолжи да се шири во поширокиот регион.

Објавата дојде неколку часа пред планираниот состанок на највисоките дипломати од Саудиска Арабија, Турција и Египет, кој треба да се одржи во Исламабад денеска и утре.

Министрите за надворешни работи на Египет и Турција вчера пристигнаа во пакистанскиот главен град.

Во меѓувреме, Дар рече дека одржал телефонски разговор со својот ирански колега Абас Арагчи, за време на кој ја нагласил потребата од деескалација, истакнувајќи дека дијалогот и дипломатијата остануваат единствениот остварлив пат до траен мир.

- Пакистан останува посветен на поддршката на сите напори насочени кон враќање на регионалниот мир и стабилност – рече министерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата