-Сакаме гаранции дека санкциите навистина ќе бидат укинати, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.
Франција, Велика Британија и Германија, заедно со Кина, Русија и САД, се потписнички на нуклеарниот договор склучен со Иран во 2015 година.
Текстот, што предвидува укинување на санкциите против Техеран во замена за рамка за неговите нуклеарни активности, де факто стана застарен откако САД се повлекоа од овој договор во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп .
Американскиот претседател, кој сака нов договор со Иран, ја покани земјата на разговори во март, но се закани дека ќе ја бомбардира доколку дипломатијата не успее.
Двете земји, кои се непријатели веќе цели четири децении, на 12 април со посредство на Оман започнаа разговори за ирансклата нуклеарна програма.