Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Вашингтонскиот тинк-тенк нагласува дека ниту една од овие три земји не му помогнала на Иран за време на израелските и американските напади врз неговата нуклеарна програма, иако имаат блиски односи со Исламската Република.

Американските аналитичари зборуваат за своевидна „Антанта“ меѓу Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, по аналогија со сојузот меѓу Франција, Британската империја и Русија пред Првата светска војна. Според нив, отсуството на брза и опиплива реакција од Москва, Пекинг и Пјонгјанг било очекувано, но ја нагласува стратешката нијанса на оваа „Антанта“. Институтот оценува дека овие четири земји не се класичен сојуз, туку опортунистички и трансакциски партнери со некои заеднички цели, ангажирани во неурамнотежено и постојано променливо стратешкa интеракција.

Нивните реакции на војната меѓу Израел и Иран покажуваат дека тие функционираат како необврзувачка коалиција, без формални ветувања за воена поддршка, но со отворена можност за таква поддршка во иднина. Според аналитичарите, она што ги обединува овие земји е заедничката цел да го предизвикаат светскиот поредок предводен од САД. Секоја од нив ја следи оваа цел во својата регионална сфера, со ограничена поддршка од другите, но со намера да постигне глобален ефект преку заеднички напори.

Институтот заклучува дека оваа „Антанта“ претставува сериозна закана за националната безбедност на САД, и покрај ограничената подготвеност на нејзините членки да си помагаат меѓусебно, бидејќи нивната цел е да го редизајнираат глобалниот поредок на начин што драстично ќе ја ограничи улогата, моќта и влијанието на САД. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата