Индонезија ја презема контролата врз извозот на палмино масло, јаглен, феролегури...

20.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индонезија ја презема контролата врз извозот на палмино масло, јаглен, феролегури...

Индонезија изгубила дури 908 милијарди долари приходи во последните 34 години со продажба на своите ресурси по ниски цени, нагласи Прабово во парламентот.

Во иднина, клучните извозни производи како што се палминото масло, јагленот и феролегури ќе се продаваат преку државна компанија, додаде индонезискиот претседател. Индонезија е глобална сила за производство на суровини и најголем извозник на јаглен и палмино масло во светот.

„Денес, индонезиската влада што ја предводам ќе издаде регулатива за управување со извозот на стоки“, рече Прабово. „Издавањето на новата регулатива е стратешки чекор во посилно управување со извозот на суровини. Нашите ресурси, од палмино масло, јаглен, мора да се продаваат исклучиво преку државна компанија“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата