Индонезија евакуира 3.000 луѓе поради ерупција на вулканот Ибу

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индонезија евакуира 3.000 луѓе поради ерупција на вулканот Ибу

Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области.

„Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави Абдул Мухари, портпарол на индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи.

Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе.

Ерупцијата е последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани.

Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите на седум околни села мораа да бидат евакуирани. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата