Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ во јуни, заедно со Националниот одбор за безбедност на транспортот, дознава порталот Блумберг од неименувани извори.
Индиските истражители планираат да ги споделат наодите, вклучувајќи ги сите информации собрани од црната кутија и податоците за летот во пилотската кабина на авионот, се наведува во извештајот.
Засега нема официјална потврда за посетата на тимот индиски истражители на САД.
Во падот на авионот на компанијата „Ер Индија“ во јуни загинаа 260 лица.

