Протестот се одржа на плоштадот Унион, спроти американскиот Капитол, каде учесниците извикуваа слогани против Трамп и Маск и држеа транспаренти против американската администрација..
Организирани од движењето „50-501“ – скратено од „50 протести во 50 земји, едно движење“ – демонстрациите се одржаа под слоганот „Ден без крал“, во врска со празникот денот на претседателот.
Собирите се резултат на серијата извршни наредби на Трамп, само неколку дена откако започнаа масовните отпуштања во федералните агенции како дел од напорите да се намалат владините трошоци.