Илјадници Јапонци цела ноќ чекаа во редица за да ги видат пандите, кои заминаа во Кина (ВИДЕО)

29.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илјадници Јапонци цела ноќ чекаа во редица за да ги видат пандите, кои заминаа во Кина (ВИДЕО)

Мажјакот Ри Ри и женката Шин Шин, двајцата на возраст од 19 години, пристигнале во зоолошката градина Уено во Токио во февруари 2011 година и неодамна се лекувале од висок крвен притисок додека навлегуваат во поодминати години, велат градските власти, според извештаите на Кјодо.

Пандите рано утринава го напуштиле претходниот дом и биле качени во авион за Кина, каде што ќе бидат сместени во огромен резерват за панди во југоисточната провинција Сечуан, каде што се родени.

Околу 2.000 луѓе, од кои некои цела ноќ чекаа во редица, вчера ја посетија зоолошката градина Уено за последен пат да ги видат своите миленици и да се збогуваат со нив.

За време на престојот во Токио, Шин Шин родила четири младенчиња.

Во светот има вкупно околу 1.600 панди, од кои само триесетина живеат во зоолошки градини надвор од Кина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата