Еден свештеник умрел, другиот е уапсен во Белгија- заедно ја минале ноќта со екстази

29.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден свештеник умрел, другиот е уапсен во Белгија- заедно ја минале ноќта со екстази

69-годишникот, кој не е именуван, ја поминал четвртокот вечерта со исто така неименуван белгиски свештеник (60) во парохиска куќа во Калмта, северно од Антверпен, кога му се слошило, пренесе Индекс.

„Се чини дека двајцата мажи заедно користеле екстази и поперси, а потоа имале секс“.

Нешто по полноќ, белгискиот свештеник повикал брза помош, но болничарите не успеале да го реанимираат неговиот колега.

Истрагата е во тек, а обдукцијата не може веднаш да даде дефинитивни информации за точната причина за смртта, се додава. Шеесетгодишниот свештеник бил сослушан од истражен судија и одредена му е мерка притвор.

Тој се соочува со обвиненија за трговија со дрога што резултира со смрт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата