По три години од пропаднатите преговори, грандиозната палата Долмабахче во Истанбул повторно ги отвори вратите за Украина и Русија. По повеќе часовна игра на нерви, меѓусебни навреди и обвинувања, сепак падна договор попладнево да седнат на преговарачка маса. Столчињата за Путин и Зеленски очекувано остануваат празни, откако рускиот не го прифати предизвикот на украинскиот колега да дојде во Турција. Зеленски кој претпладнето по слетувањето во Анкара ја нарече руската делегација група статисти, а потоа се сретна со домаќинот Ердоган, на крајот сепак назначи свои претставници. Вели не очекува изненадувања.
-Ако може да се постигне договор за прекин на огнот на техничко ниво, средба со рускиот претседател веќе не е ни потребна. Самиот Путин предложи директни преговори, а не сака примирје, вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Зеленски го назначи министерот за одбрана Умеров за предводник на делегацијата, а Путин својот помошник, Медински и уште тројца дипломати. Москва категорично застана зад нив и го жестоко го нападна Зеленски.
-Кој тоа го користи зборот „статисти“? Кловн, губитник, лице со непознато образование. Тој да зборува за луѓе кои не само што имаат основно образование, туку и академски дипломи. , изјави Марија Захарова, портпаролка на руското МНР
Се огласи и Трамп, кој повторно се обиде да даде ветер в грб на преговорите. Сега не исклучува можност утре да се појави во Турција, иако како што вели не очекува чуда.
Се огласи и Трамп, кој повторно се обиде да даде ветер в грб на преговорите. Сега не исклучува можност утре да се појави во Турција, но вели не верува во чуда под актуелните околности.
Видете, ништо нема да се случи додека Путин и јас не се сретнеме, во ред? , изјави Доналд Трамп, претседател на САД
Исходот со внимание се следи и во Анталија, каде се одржува Самит на НАТО, а каде западните сојузници очекуваат исчекор во Истанбул.
-Украина e подготвена да се обврза на прекин на огнот и на итни преговори. Тоа е апсолитно јасно. Топката сега е јасно на руски терен. Тие треба да објаснат што прават, зошто се тука или не се, со кој тим или што и да е. , изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Кои се клучините теми за разговорите не е познато, иако руската страна најави дека основа ќе биде да се отстранат освновите причини за војната. Украина не очекува ништо освен прекин на огнот како база за понатамошните преговори. Неизбежно, ќе се најдат и прашањата за идниот статус на окупираните украински територии, кои чинат безмалку една четвртина од целата територија.