Во потрагата по преживеаните луѓе, по катастрофалните поплави што на 4 јули ја погодија американската сојузна држава Тексас, при што загинаа 120 луѓе, а речиси 200 се е водат како исчезнати, вклучена е и американската Национална воздухопловна и вселенска администрација (НАСА) со два авиона.
Авионот Ви-би-57 (WB-57) на НАСА за голема надморска височина на 8 јули полета од базата Елингтон во Хјустон и го пребарува теренот користејќи сензор за дневно и ноќно снимање на копнени средини (DyNAMITE). Добиените податоците ќе бидат доставени до тимовите за одговор и ќе помогнат во напорите за спасување и распределба на ресурсите.
НАСА вчера од Едвардс, Калифорнија го испрати радарот (Uninhabited Aerial Vehicle Synthetic Aperture Radar) со кој ќе се соберат податоци од реките Гвадалупе, Сан Габриел и Колорадо, што ќе помогне во процена на штетите што ги предизвикаа поплавите.