Јуни годинава беше месец со најголем број цивилни жртви во Украина од почетокот на војната – загинаа 232 цивили, а 1.343 беа повредени, соопшти Мисијата на Обединетите нации за следење на човековите права во Украина.
Во соопштението се наведува дека руските напади со ракети со долг дострел и касетна муниција во урбаните средини се причина за повеќето цивилни жртви во јуни во Украина, односно – 53 отсто, пренесе Укринформ.
Се истакнува дека руските сили во јуни годинава истрелале 10 пати повеќе ракети и касетна муниција кон Украина отколку во јуни минатата година.