Гувернерот на словачката централна банка осуден за давање поткуп

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гувернерот на словачката централна банка осуден за давање поткуп

Според пресудата, Кажимир е прогласен за виновен по обвинението дека во 2016 година, кога бил словачки министер за финансии, се обидел да го поткупи тогашниот прв човек на Финансиската управа на Словачка, Франтишек Имреч со 48.000 евра, со цел забрзување на даночните постапки за компании во сопственост на неговиот пријател, Ладислав Рехак. 

Кажимир, која важи за близок соработник на словачкиот премиер Роберт Фицо, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, како што впрочем не се појави во судницата на ниту едно рочиште во овој процес. 

Се очекува адвокатите на Кажимир да поднесат жалба на пресудата. 

Како што наведува бриселскиот портал „Политико“ пресудата на Кажимир претставуваа нов удар за имиџот на Европската централна банка, која веќе беше потресена од неколку скандали поврзани со членови на нејзиниот Управен совет. 

Управниот совет е главното тело за носење одлуки на ЕЦБ, кој го сочинуваат шесте члена на Извршниот одбор на Банката и гувернерите на централните банки на земјите членки на Еврозоната, меѓу кои и Кажимир. 

Во претходниот скандал од минатата година, гувернерот на Централната банка на Малта и член на Управниот совет на ЕЦБ, Едвард Шиклуна беше принуден да поднесе оставка поради обвинувањата дека склучил коруптивен договор за приватизација на државни болници во време кога бил малтешки министер за финансии.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата