- Кризата се продлабочува, спроведувањето на програмата е загрозено и постои ризик од финансиски колапс. А ситуацијата ќе се влоши уште повеќе во блиска иднина, истакна Гутереш во писмото испратено на 28 јануари до амбасадорите.
Финансиската криза ја загрозува меѓународната организација, која се состои од 193 земји-членки од целиот свет, бидејќи најголемиот донатор – САД го намалија доброволното финансирање на агенциите на ОН.
САД одбија да вршат задолжителни плаќања во редовниот буџет на ОН, како и во мировниот буџет на организацијата.
- Или сите земји-членки ги почитуваат своите обврски за целосно и навремено плаќање, или земјите-членки мора фундаментално да ги ревидираат нашите финансиски правила за да спречат неизбежен финансиски колапс, наведе Гутереш.
Според него, ОН до јули може да остане без средства.

