- Мирот и стабилноста на Иран се важни за нас - изјави Фидан на заедничката прес-конференција во Истанбул со иранскиот колега Абас Арагчи.
Фидан потенцира дека Анкара е против странско мешање во внатрешните работи на Иран.
- Се надеваме дека може да се изнајде решение, да се избегне конфликтот, но и изолација на Иран - наведе Фидан.
Арагчи истакна дека Иран е подготвен да ги обнови разговорите со САД ако преговорите бидат фер и непристрасни и не ги вклучуваат одбранбените капацитети на Иран.
Фидан и Арагчи се осврнаа и на ситуацијата во Сирија и примирјето помеѓу Дамаск и курдските сили.
- Внимателно го проучуваме договорот за интеграција; вистинската интеграција е во интерес на Сирија и сите страни веќе се запознаени со условите на овој договор - посочи Фидан.
Арагчи истакна дека „Техеран сака единство и мир во Сирија“.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор со иранскиот колега Масут Пезешкијан истакна дека Анкара е подготвена да посредува помеѓу Иран и САД.

