Гутереш „остро го осудува нападот“, се вели во соопштение на неговиот портпарол.
Во текстот се нагласува дека според првичните заклучоци на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), кон „сините шлемови“ „стрелале недржавни субјекти, за кои се верува дека припаѓаат на Хезболах“.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „сè се чини дека укажува“ дека либанското проиранско движење е одговорно за нападот, во кој беа повредени и тројца војници на УНИФИЛ.
Хезболах негираше вмешаност и изрази изненадување од брзото изнесување „неосновани обвинувања“ против него.
Во меѓувреме, лидерот на движењето, Наим Касем се закани дека ќе одговори на израелските напади во јужен Либан, каде на полноќ во четвртокот стапи во сила прекинот на огнот.

