Гутереш ги осуди израелските напади во Либан по смртните случаи на цивили

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш ги осуди израелските напади во Либан по смртните случаи на цивили

Гутереш „недвосмислено ги осудува масовните напади“, изјави неговиот портпарол, Стефан Дужарик, во соопштение објавено синоќа.

„Генералниот секретар остро ја осудува загубата на цивилни животи и е длабоко вознемирен од зголемениот број на цивили“, наведе портпаролот, пренесен од германската агенција

И покрај прекинот на огнот во конфликтот во Иран, Израел започна големи напади врз цели во Либан, вклучително и во главниот град Бејрут. 

Според либанското Министерство за здравство, само вчера се убиени најмалку 182 лица.

Израелската војска соопшти дека целта на нападите биле команданти на Хезболах и воената инфраструктура, додека либанските власти соопштија дека меѓу жртвите имало многу цивили, пренесува ДПА.

За разлика од Иран, САД и Израел не сметаат дека Либан е опфатен со договореното двонеделно примирје. Поради ова Иран размислува да се повлече од примирјето, објави иранската  агенција Фарс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата