Граѓаните на Србија за еден месец предале купишта оружје

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Граѓаните на Србија за еден месец предале купишта оружје

Од 8 мај до 8 јуни биле предадени повеќе од 62.800 парчиња оружје и минско-експлозивни направи и околу три милиони парчиња муниција од различен калибар.

До крајот на јуни оружјето, муницијата и бомбите може да се предаваат без последици или доказ за потеклото, а потоа се најавуваат ригорозни претреси, контроли и остри казни, вклучително и затворски казни. Според претходниот извештај, направен во глобалното истражување за мало оружје, Србија и Црна Гора го делат третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивили, зад САД и Јемен.

Се проценува дека цивилното население на Балканот има девет пати повеќе оружје од армијата и полицијата, покажала таа анкета од 2018 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата