Голема размена на заробеници- ослободени се вкупно 410 руски и украински војници (ВИДЕО)

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голема размена на заробеници- ослободени се вкупно 410 руски и украински војници (ВИДЕО)

„Како резултат на преговарачкиот процес, 205 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското министерство.

Во исто време, руските сили ослободија 205 украински заробеници, а хуманитарни и медијациски напори обезбедија Обединетите Арапски Емирати, пренесува ТАСС.

Според министерството, сите руски војници моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што им се пружа психолошка и медицинска помош, а им е дозволено и да контактираат со своите семејства.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата