Од уапсените, 35 останале во притвор, а 30 лица се ослободени со мерки на претпазливост.
Операцијата, која била подготвувана три месеци, вклучувала следење на улични дилери, како и лица кои нуделе дрога преку социјални мрежи и апликации за пораки.
– Во текот на тие три месеци спроведовме интензивна теренска работа и анализи. Ги следевме осомничените со технички средства и преку физичко присуство. Собравме докази за сите обвинувања, изјави Јерликаја.
Во акцијата учествувале 320 припадници на жандармеријата, вклучително и 13 моторизирани тимови, седум командоски единици и две специјално обучени полициски кучиња.