Голем пожар во фабрика во Рио де Жанеиро-луѓето скокнале низ прозорците

12.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем пожар во фабрика во Рио де Жанеиро-луѓето скокнале низ прозорците

Најмалку 20 лица се повредени во пожар што избувна денеска во фабрика за облека која правеше костими за карневалски прослави во Бразил, соопштија градските здравствени власти.

Луѓето беа спасувани низ прозорците додека пламенот се ширеше во фабрика во населбата Рамос во Рио де Жанеиро, објави Ројтерс, повикувајќи се на снимки од локалната телевизија. Државната болница Гетулио Варгас соопшти дека се примени седум жени и тројца мажи, сите во тешка состојба, со повреди од вдишување чад и изгореници на дишните патишта.

Според градската здравствена служба на Рио де Жанеиро, повредените во пожарот се згрижени во уште пет болници.

Фабриката за облека произведе костими за најмалку три училишта за самба во Рио де Жанеиро, кои треба да учествуваат на парадата за време на карневалот во градот, од 28 февруари до 3 март.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата