Германските социјалдемократи денеска гласаат за коалицискиот договор со конзервативците

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германските социјалдемократи денеска гласаат за коалицискиот договор со конзервативците

Приближно 358.000 членови на социјалдемократите имаат рок до 23:59 часот (по локално време) денеска за гласање за договорот, долг 144 страници и насловен како „Одговорност кон Германија“. Резултатот ќе биде објавен утре.

За да биде усвоен, потребно е просто мнозинство и мора да гласаат најмалку 20 проценти од членовите на партијата.

Младинската организација на СПД не го одобрува целосно коалицискиот договор, но сепак се очекува тој да биде усвоен.

Доколку сè оди непречено, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, ќе биде избран за канцелар на 6 мај. Баварскиот коалициски партнер на ЦДУ, Христијанско-социјалната унија, веќе го потпиша договорот откако беше постигнат кон средината на април.

Вчера, на мала партиска конференција, ЦДУ гласаше во поддршка на планот. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата