Германскиот генерал-мајор Андре Денк нов шеф на Европската одбранбена агенција

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германскиот генерал-мајор Андре Денк нов шеф на Европската одбранбена агенција

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Денк, кој е првиот воен офицер избран на оваа функција од формирањето на ЕДА во јули 2004 година, во моментов е заменик извршен директор на Агенцијата. 

Изборот на Денк претставува изненадување од причина што се сметаше дека на функцијата ќе биде именувана поранешната холандска вицепремиерка и министерка за одбрана и за внатрешни работи Кајса Олонгрен. 

Според регулативите на Унијата, извршниот директор на ЕДА е директно подреден на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.  

Именувањето на германскиот генерал на чело на ЕДА доаѓа во време кога ЕУ се обидува да ги убеди земјите членки да и дадат на Агенцијата поголема улога во координацијата на набавката на муниција и ракети, кон што особено е скептична Германија. Берлин е на ставот дека заедничките одбранбени набавки на земјите членки на ЕУ да ги врши некоја „водечка нација“ меѓу државите набавувачи, а не ЕДА.  /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата