Германската влада нарача 18 нови тенкови Леопард 2 од најновата модификација

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската влада нарача 18 нови тенкови Леопард 2 од најновата модификација

Склучениот рамковен договор вклучува опција за нарачка на дополнителни 105 единици од компанијата КМВ.

Во средата буџетската комисија на германскиот Парламент одобри издвојување на 525 милиони евра за нарачката.

Првата серија на нови тенкови Леопард 2А8 ќе ги замени 18-те модифицирани тенкови Леопард 2А6 кои Германија и ги предаде на Украина. Според производителот од Минхен, испораките се очекува да започнат во 2025 година.

Германската влада, исто така, нарача 12 хаубици „Panzerhaubitze 2000“ од КМВ – уште едно оружје, од кои некои Берлин му ги достави на Киев. Соодветниот договор беше потпишан во март.

Тенковите Леопард 2 се произведуваат од 1978 година и многупати се модернизирани. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата