Германската полиција го реши случајот на „цртање кукасти крстови“ со човечака крв

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската полиција го реши случајот на „цртање кукасти крстови“ со човечака крв

Полицијата добила пријава за кукаст крст нацртан со црвеникава течност на хаубата на паркиран автомобил, по што полициската патрола открила дека уште 50 автомобили биле оштетени на ист начин, објавува АП.

Полициската форензика утврдила дека осомничениот ја користел сопствената крв за да ги нацрта нацистичките знаци. Прикажувањето нацистички симболи е кривично дело во Германија.

„Осомничениот бил многу пијан, а неговиот мотив бил многу личен и поврзан со работата. Тој едноставно се расплакал“, изјавил портпаролот на полицијата, Томас Лајполд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата