Турција сака да купи 40 ловци „Еурофајтер“ во вкупна вредност од околу 5,6 милијарди евра. Сепак, за да се случи продажбата, потребно е одобрение од четирите земји учеснички во програмата „Еурофајтер“ - Германија, Обединетото Кралство, Италија и Шпанија.
Со оваа одлука, Германија отстранува еден од главните проблеми пред склучувањето на договорот за купување на ловците од страна на Турција, коментираше веб-страницата „Туркије Тудеј“.
Синоќа, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган имаше телефонски разговор за ова прашање со британскиот премиер Кир Стармер, објави ТРТ Хабер.