Новинар снимал во река во Бразил, кога наеднаш згазнал врз тело на удавено девојче (ВИДЕО)

23.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новинар снимал во река во Бразил, кога наеднаш згазнал врз тело на удавено девојче (ВИДЕО)

Потрагата по девојчето траела со денови, а во потрагата биле вклучени и пожарникари и нуркачи, пишува „Економик тајмс“.

На местото на нејзиното последно видување пристигнал и бразилскиот новинар Ленилдо Фразао, кој снимал прилог за условите во реката со екипата на HTTV. За време на преносот во живо, Фразао влезе во реката до градите за да им ги покаже на гледачите опасностите од силните струи и неправилните длабочини.

„Почувствував нешто како рака“

„Мислам дека има нешто долу на дното. Не одам понатаму. Се плашам. Почувствував нешто како рака. Дали можеби е таа? Не знам, можеби е риба“, рече новинарот. Видеото од тој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а многу гледачи коментираа дека видеото е исклучително вознемирувачко.

Еден ден подоцна, на 30 јуни, нуркачите го пронајдоа телото на девојчето точно таму каде што стоеше Фразао. Резултатите од обдукцијата покажаа дека девојчето се удавило и дека на телото немало знаци на физичко насилство.

Властите сè уште не можат со сигурност да потврдат дали новинарот навистина стапнал на нејзиното тело додека известувал, но околностите ја шокираа јавноста. „Луѓето беа шокирани, а тој момент беше многу тежок и за мене. Сè се случи во секунда“, изјави подоцна Фразао за локалните медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата