Германец открил „дупка“ во законот, со чија помош извлекува луѓе од затворите

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германец открил „дупка“ во законот, со чија помош извлекува луѓе од затворите

Некои биле негови, а некои ги позајмил од пријатели. Тој признава дека бил малку нервозен. „Немав поим дали ова ќе функционира“, вели тој. Неговата дестинација била затворот Плецензе во северозападниот дел на Берлин.

Планирал да ослободи онолку затвореници колку што му дозволуваат парите во џебовите. Арне, 35-годишен новинар и активист, открил дупка во германскиот правен систем, пишува Би-Би-Си.

Некој што е осуден на парична казна, не морал сам да ја плати.

Искористувајќи ја дупката, тој се надевал дека ќе го привлече вниманието на она што го гледал како очигледна неправда: закон што им дозволува на судиите да ги испраќаат луѓето во затвор доколку не купат билет во јавниот превоз. „Ослободивме 12 мажи од Плецензе тој ден и девет жени од затворот Лихтенберг следниот ден“, се сеќава тој.

Оттогаш, Арне и неговата организација Freiheitsfonds (Фонд за слобода) потрошиле повеќе од 800.000 евра за ослободување на околу 850 затвореници. Арне смета дека законот е неправеден.

„Тоа е голема дискриминација на луѓето кои немаат пари, на луѓето кои немаат стан, на луѓето кои се веќе во криза. Сметаме дека овој закон мора да се смени бидејќи тоа не е нешто што го сакате во демократско и праведно општество“, рече тој.

Се проценува дека околу 7.000 луѓе се во германските затвори затоа што не платиле билет за воз, трамвај или автобус. Повеќето од нив првично ќе бидат казнети со парична казна, но нема да можат да ја платат. Затоа, тие ја издржуваат таканаречената Ersatzfreiheitsstrafe – заменска затворска казна.

Сепак, некои мора веднаш да одат во затвор. Гиса Марц спаѓа во таа категорија. Мала, изнемоштена жена во средината на 50-тите години, таа се издржувала долго време делумно со продавање на уличното списание Дизелдорф Fiftyfifty. Таа поминала четири месеци во затвор од ноември минатата година до март годинава. Двапати била фатена во возовите во Дизелдорф без билет.

„Бев на метадон, лекот што ти го даваат кога ќе се ослободиш од хероин. И треба да одиш на клиника секој ден. Немав пари. Земав бенефиции за невработеност, но беше крајот на месецот и немав пари“, објаснила таа. Гиса првично била осудена на шест месеци затвор со условен период од три години.

Но таа не ги исполнила условите поставени од судот и завршила зад решетки. Fiftyfifty работеле напорно за да ја подигне свеста за нејзиниот случај. Пред владините згради биле организирани демонстрации, а во затворот ја посетиле репортери од национален магазин.

Нејзиниот случај дури бил дискутиран и во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент. Повеќето луѓе кои патуваат со автобус без билет не завршуваат во затвор. Плаќаат казна од 60 евра и тука е крајот. Но, јавните транспортни компании заземаат построг став кон сериските престапници.

Гиса била една од нив. Таа во периодот од изрекувањето на пресудата до последното патување во затвор била фатена уште седум пати без билет. Таа и претходно била осудена за истото дело. Арне Семсрот не можел да ѝ помогне на Гиса бидејќи веднаш била осудена на затвор.

И покрај тоа, тој верува дека луѓето како неа никогаш не треба да бидат праќани во затвор и вели дека многу менаџери на затворите го чувствуваат истото. „Затворите го сакаат Фондот за слобода. Зошто? Затоа што луѓето кои завршуваат во затвор поради возење без билет едноставно не припаѓаат таму. Тоа се луѓе со психички проблеми, луѓе кои немаат стан, на кои им треба помош од социјалните служби. Затворите се погрешно место за нив“, убеден е тој.

Тој вели дека многу затвори го раздаваат формуларот за апликација за Фондот за слобода додека луѓето пристигнуваат на издржување на казната. „Значи, од една страна државата ги криминализира луѓето за овој чин, а потоа од друга страна, истата држава доаѓа во граѓанското општество и бара помош да го исправи. Тоа навистина ви ја покажува апсурдноста на сето тоа“,заклучил тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата