„Генералниот секретар ја поздравува објавата за двонеделен прекин на огнот од страна на Соединетите Американски Држави и Иран“, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.
Дижарик додаде дека генералниот секретар „ги повикува сите страни во тековниот конфликт на Блискиот Исток да ги исполнат своите обврски според меѓународното право и да се придржуваат кон условите на прекинот на огнот, со цел да се отвори пат кон траен и сеопфатен мир во регионот“.
Гутереш, исто така, изразил „искрена благодарност за напорите на Пакистан и други земји во овозможувањето на прекинот на огнот“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно изјави дека по разговорите со пакистанското раководство се согласил да се воспостави прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели.
Набргу по објавата на Трамп дека е постигнат двонеделен договор за прекин на огнот, иранските власти потврдија дека договорот е постигнат, наведувајќи дека вклучува „континуирана иранска контрола врз Ормускиот теснец“.

