Французин осуден на смрт во 2010 година за трговија со дрога егзекутиран во Кина

5.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Французин осуден на смрт во 2010 година за трговија со дрога егзекутиран во Кина

„Со тага дознавме за егзекуцијата во Гуангжу на нашиот сонародник Чан Тао Фуми (62), кој беше осуден на смрт во 2010 година за трговија со дрога“, се вели во француското дипломатско соопштение.

- И покрај напорите на француските власти, вклучително и да се добие одлука за помилување од хуманитарни причини за нашиот сонародник, кинеските власти одлучија да ја извршат казната по повеќе од 20 години затвор - се додава во соопштението.

„Франција го повторува своето противење, насекаде и во сите околности, на смртната казна и повикува на нејзино универзално укинување“, соопшти Министерството за надворешни работи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата