„ЕУ верува дека Русија се подготвува за идни конфликти со европските демократски земји“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на говорот во Кралската данска воена академија во Копенхаген.
Фон дер Лајен изрази уверување дека Русија се подготвува за конфликт во време кога САД повторно се фокусираат на индо-пацифичкиот регион. Таа исто така нагласи дека Русија „значително ги проширила“ своите воено-индустриски производствени капацитети.
„Овие инвестиции ја поттикнуваат нејзината агресивна војна во Украина, додека истовремено ја подготвуваат за идни конфликти со европските демократии“, се наведува.
Урсула фон дер Лајен, исто така, истакна дека Европа мора да остане претпазлива во однос на руските воени амбиции.
„Европа е подготвена да ги засили своите напори. Подготвени сме да ја преземеме контролата врз промените кои се неизбежни. Ова значи дека мора да дејствуваме сега. Големите акции се предуслов за брзина, обем и сила до 2030 година“, рече таа пред кадетите на академијата.
Таа, исто така, истакна дека земјите-членки на ЕУ секогаш ќе ја задржат одговорноста за сопствените трупи, од доктрина до распоредување, како и за утврдување на потребите на нивните вооружени сили.