– Украина никогаш нема да биде во НАТО – рече Фицо, додавајќи дека „неодамнешните изјави на одредени политичари укажуваат дека Украина исто така ќе има големи проблеми при влезот во ЕУ“.
Неговите коментари доаѓаат во време на растечки јаз меѓу Братислава и Киев, бидејќи владата на Фицо зазеде критички став кон западната политика за конфликтот во Украина.
Откако ја презеде функцијата, Фицо ја замрзна словачката воена помош за Украина и се заложи за мировни преговори.
Фицо претходно инсистираше на тоа дека неговата влада ќе се спротивстави на влезот на Киев во НАТО.
Тој го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека противењето на Киев за прекин на огнот со Русија го продолжи конфликтот. - Претседателот Зеленски беше прашан дали е можен прекин на огнот, а тој одговори дека прекинот на огнот е за слабите и дека војната мора да продолжи - рече Фицо. Тој ги обвини западните сили дека ја искористуваат Украина во обид да ја ослабат Русија.
Фицо ја повика Украина да се приклучи на мировните разговори што порано, предупредувајќи дека дури и како што стојат работите сега, „Украина ќе изгуби една третина од својата територија и сепак ќе биде окупирана од странски трупи“ кога ќе се постигне решение.