Финската влада ќе забрани продажба на недвижен имот на Руси

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финската влада ќе забрани продажба на недвижен имот на Руси

Со нацрт законот се предлага забрана за продажба на имот и земјиште на луѓе чија матична земја води агресивна војна или претставува закана за безбедноста на Финска, појаснува германската агенција.

Забраната ќе се однесува и на организации кои се со седиште во овие земји или се управувани или под влијание на луѓе или организации од земјата, седодава во владиното соопштение.

Меѓутоа, забраната нема да важи за лица кои имаат дозвола за постојан престој во Финска или дозвола за долгорочен престој на ЕУ издадена од Финска.

Русија не е експлицитно спомената во нацрт-законот, но финскиот министер за одбрана Анти Хаканен нагласи дека законот има за цел да ги ограничи Русите да купуваат имот.

-Русија претставува постојана безбедносна закана во Европа, а недвижниот имот може да се искористи за да се изврши непријателско влијание“, рече Хаканен во изјавата, пренесена од ДПА.

Финска има 1.340 километри долга граница со Русија и долго време се сметаше за посредник меѓу Русија и Западот. Меѓутоа, односите меѓу двете земји сериозно се влошија по целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.

Инвазијата, исто така, ја поттикна Финска да се приклучи на НАТО по децении останување надвор од воените сојузи./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата