- Размислуваме дали преговорите во Истанбул можат да завршат со средба помеѓу Трамп, Путин и Зеленски, а домаќин да биде Ердоган, истакна Фидан.
Пред два дена украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ја отфрли идејата за трилатерална средба, посочувајќи оти тоа ќе зависи од евентуални постигнати резултати на преговорите во Истанбул, што треба да се одржат на 2 јуни.
Тој истакна дека Русија ќе испрати делегација на новите преговори со Украина, но оти Киев сè уште не потврдил дали ќе учествува.
- На преговорите се очекува да се разговара за списокот на услови за прекин на огнот, истакна Песков.