Федералните власти на САД забранија употреба на дронови над Њу Џерси (ВИДЕО)

19.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Федералните власти на САД забранија употреба на дронови над Њу Џерси (ВИДЕО)

Илјадници луѓе виделе беспилотни летала на ноќното небо во Њу Џерси од средината на ноември, што предизвика страв и шпекулации меѓу жителите, објави телевизијата ABC.

Привремената забрана за употреба на дронови стапи во сила вчера, а ќе важи до 17 јануари следната година.

Рекреативната употреба на дронови е дозволена до 400 стапки, според Федералната управа за авијација.

Според властите, владата може да употреби „деструктивна (смртоносна) сила“ против беспилотни летала доколку тие претставуваат непосредна безбедносна закана.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната, припадниците на безбедносните сили ќе можат да пресретнуваат, приведуваат или испрашуваат, а како што наведуваат од ФАА, може да се преземат административни мерки, како одземање на лиценцата на операторот на дронови и покренување кривична постапка .

Во последниве недели, ФБИ доби повеќе од 5.000 извештаи за забележани дронови во Њу Џерси и други американски држави.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата