Од планираните 400 летови за утре, повеќе од 230 ќе се реализираат, соопшти филијалата на „Луфтханза“. Се очекува дека„ Еуровингс“ ќе ги има повеќе од половина од своите летови закажани за вторник и среда.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ ги повика пилотите на „Еуровингс“ да престанат со работа до крајот на среда. Причината се недостатоци од страна на работодавачот во однос на колективниот договор за подобри услови за работа.
Сепак, „Еуровингс“ ќе лета половина од своите летови поради фактот што австриската филијала „Еуровингс Европа“, како и „Еуровингс Дискавер“, која лета од Франкфурт и Минхен, не се опфатени со штрајкот. Новиот распоред на летови за вторник и среда ќе биде објавен веднаш штом ќе се знае колку пилоти ќе дојдат на работа и покрај штрајкот, пренесе Индекс.хр.