Ова денеска во Брисел го соопшти европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис, чиј ресор опфаќа „економија и продуктивност, спроведување и поедноставување“.
Домбровскис даде потврден одговор на прашањето од новинарите дали би предложил намалување на горната граница на цената под 60 долари за барел руска нафта што може да се извезува со брод.
Еврокомесарот не ја прецизираше максималната горна граница на цената што ја очекува за барел руска нафта, но претставници на ЕУ изјавија дека ЕУ ќе предложи горната граница на цената да биде намалена на 50 долари.
Ограничувањето на извозот на руска нафта по море, која е поскапа од 60 долари за барел, беше воведено за да се ограничат приходите на Москва од нафта во услови на нејзина воена агресија против Украина. Во услови на намалување на цените на нафтата на меѓународните пазари, тоа ниво на ценовната граница веќе не е доволно за да претставува толку значајна санкција, велат политичките аналитичари.