ЕУ и шест нејзини членки се придружија кон Договорот за заштита на отвореното море

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ и шест нејзини членки се придружија кон Договорот за заштита на отвореното море

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ова, покрај ЕУ, кон Договорот се придружија и Кипар, Летонија, Португалија, Словенија, Унгарија и Финска, откако на почетокот на годинава тоа го сторија и Франција и Шпанија. 

Според европскиот комесар за рибарство и океани, Костас Кадис, ратификацијата на Договорот претставува историски чекор кон заштита на океаните и зачувување на рамнотежа на екосистемите на Планетата. 

Тој воедно ги повика и преостанатите земји членки на ЕУ да го следат овој пример. 

Со ова, досега 29 потписници го ратификуваат Договорот, но за негово стапување во сила е потребна ратификација од најмалку 60 од нив.  

Невладините организации се надеваа дека Договорот ќе стапи во сила најдоцна до одржувањето на Конференцијата на ОН за океаните во Ница, предвидена за од 9 до 13 јуни, но тоа е неизводливо, затоа што документот ќе стане функционален дури 120 дена по неговата 60-та ратификација. 

Договорот за заштита на отвореното море беше усвоен во јуни 2023 година по повеќегодишни преговори и негова цел е заштита на виталните морски екосистеми. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата