Ердоган: Турција нема од трибини да го гледа натпреварот на големите сили

6.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Турција нема од трибини да го гледа натпреварот на големите сили

„Мораме да бидеме подготвени за сите сценарија и да управуваме со настаните во нашиот регион на начин што ќе биде од корист за нашата земја“, рече Ердоган во обраќањето за ифтар во претседателскиот комплекс во Анкара.

Осврнувајќи се на враќањето на Сиријците во нивната земја, Ердоган рече дека Турција го направи она што е правилно, морално и совесно во соседна Сирија. Тој додаде дека 133.000 Сиријци доброволно се вратиле во Сирија од Турција по падот на режимот на Башар ал Асад.

Тој укажал и на решителните напори на Турција во борбата против тероризмот.

„Турција е поблиску од кога било до трајно, конечно ослободување на нацијата од тероризмот, кој 40 години ја експлоатира крвта и ресурсите на народот“, заклучи Ердоган.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата