Ердоган одржа онлајн состанок со претседателите на САД и Сирија и саудискиот престолонаследник

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган одржа онлајн состанок со претседателите на САД и Сирија и саудискиот престолонаследник

На онлајн состанокот, турскиот претседател изјави дека одлуката на Трамп за укинување на санкциите против Сирија е од историско значење. Според Ердоган, одлуката на САД ќе биде пример за другите земји што воведуваат санкции.

Турција ќе продолжи да ја поддржува администрацијата во Дамаск во нејзината борба против терористичките организации, особено Исламската држава, рече и турскиот лидер.

Ердоган, исто така, ги истакна тековните напори на Турција „за запирање на спиралата на насилство во Газа“.

-Време е да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа, рече турскиот претседател. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата