Екстремно десничарскиот кандидат исклучен од претседателските избори во Романија

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екстремно десничарскиот кандидат исклучен од претседателските избори во Романија

Изборната комисија само соопшти дека кандидатурата е отфрлена без никакво образложение. Ѓорѓеску, кој е фаворит во анкетите со околу 40 отсто од гласовите, сепак може да поднесе жалба до Уставниот суд.

Тој на платформата Х оцени дека тоа е „директен удар за демократијата во светот“. „Европа сега е диктатура, Романија живее под тиранија“, напиша Ѓорѓеску.

Романија е во превирања уште од првиот круг на претседателските избори, одржани на 24 ноември, што го донесе на политичката сцена тогаш практично непознатиот Калин Ѓорѓеску.

Во редок потег во Европската унија, Уставниот суд го поништи гласањето по наводите за руско мешање, а нови избори беа закажани за мај во многу тензична атмосфера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата