Додека Украинците не побараат избори, никој друг не може да ги предложи, изјави портпаролот на Европска комисија.
Неговата изјава уследи откако претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа наведе дека треба да се смета како опција ставањето на Украина, која тој ја нападна во 2022 година, под администрација на Обединети нации, за да се овозможи одржување нови избори во земјата.
- Таква практика постои и во принцип, се разбира, може да се разговара за можноста за привремена администрација на ОН со САД, европските земји и, се разбира, и со нашите партнери и пријатели. Потоа ќе почнеме преговори за мировен договор, ќе потпишеме легитимни документи кои се признати во светот и се безбедни и стабилни посочи Путин за време на состанокот со војниците на нуклеарна подморница во базата во Архангелск.
Руската влада постојано се обидуваше да го дискредитира легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Факт е дека Украина беше нападната и покажува добра волја кон постигнување мир. Затоа ја поддржуваме Украина за да има праведен и траен мир. Путин е криминалец и се бара за злосторствата што ги направил, истакна портпаролот на ЕК
Претходно, Советот за национална безбедност на Белата куќа реагираше на изјавата на Путин, истакнувајќи оти управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи воспоставување привремена администрација во Украина.
Редовниот мандат на Зеленски заврши во мај 2024 година, но не може да се закажат избори поради воената состојба која е во сила веќе три години. Парламентот на Украина во февруари усвои резолуција, со која се потврдува легитимноста на Зеленски со јасно мнозинство. Многумина во Украина веруваат дека одржувањето на избори во услови на тековниот конфликт би било непрактично и нефер, бидејќи би било тешко да се обезбеди учество на војници и раселени цивили. На меѓународно ниво, Зеленски и понатаму е признат како претседател.