Едно лице загина во нова престрелка поради шверц на дрога во Брисел

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Едно лице загина во нова престрелка поради шверц на дрога во Брисел

Ова е трето пукање од средата наутро во општина Андерлехт, каде властите се запознаени со неколку локации за шверц на дрога.

Градоначалникот Фабрис Кампс рече дека тоа е „војна на банди за контрола на територијата“. Тој апелираше за зголемено полициско присуство.

Според првичните информации од локалните медиуми, новото пукање е поврзано со слични инциденти во последните два дена во близина на метро станицата Клемансо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата