ЕБОР издвои 250 милиони евра во рамки на новата програма за финансирање млади претприемачи во Турција

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕБОР издвои 250 милиони евра во рамки на новата програма за финансирање млади претприемачи во Турција

Програмата е имплементирана со поддршка на турската Влада и ЕУ и ќе обезбеди дополнително финансирање и техничка поддршка за турски претприемачи до 35 години, објави „Хуриет дејли њуз“.

Се очекува дека околу 70 проценти од финансирањето во рамките на програмата ќе биде насочено кон регионите кои беа најтешко погодени од катастрофалните земјотреси во 2023 година.

„Младите луѓе се најголемиот капитал на Турција, па затоа сум уверен дека нашата програма ќе биде добро прифатена меѓу креативните млади претприемачи во земјата“, рече извршниот директор за финансиски институции во ЕБОР, Франсис Малиж во врска со иницијативата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата