Џеј-Ди Венс гледа шанса за договор меѓу САД и Велика Британија

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џеј-Ди Венс гледа шанса за договор меѓу САД и Велика Британија

Велика Британија беше поштедена од најстрогите мерки во рамките на првично објавената тарифна програма на Трамп, благодарение на фактт што двете земји уживаат добро избалансирани трговски односи. Сепак, британскиот увоз во САД веќе подлежи на царини од 10 отсто, а сектороите за челик и автомобили подлежат на 25 отсто.

Со недели, официјални лица од двете страни водат разговори кои првично беа насочени кон зајакнување на соработката во вештачката интелигенција и технологијата, но може да опфатат и други стоки.

Венс изјави за Unheard дека американската администрација работи многу напорно со владата на премиерот Кир Стармер.

-Претседателот навистина го сака Обединетото Кралство, рече тој. „Тој ја сака кралицата. Му се восхитува и го сака кралот. Тоа е многу важна врска. И тој е бизнисмен и има голем број важни деловни односи [во Британија]“.

Цитирајќи го културниот афинитет на САД кон Британија, Венс рече: „Да, мислам дека има добри шанси да дојдеме до одличен договор што е во интерес на двете страни“.

Венс, кој зазеде воинствен пристап кон Европа откако стана потпретседател во јануари, го повтори својот став дека сака Европа како целина да ги зголеми трошоците за одбрана и ги обнови критиките кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Одговарајќи на неодамнешните изјави на Зеленски дека американскиот потпретседател на некој начин ја оправдувал руската инвазија на Украина, Венс рече дека ја осудува Русија од 2022 година, но оттогаш се обидел да ги разбере стратешките цели на двете страни со цел да се најде решение.

-Ова не значи дека морално ја поддржувате руската кауза или дека поддржувате инвазија од целосен обем, но треба да се обидете да разберете кои се нивните стратешки црвени линии, на ист начин како што треба да се обидете да разберете како Украинците се обидуваат да излезат од конфликтот, рече тој. 

Фото: ЕПА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата