По помалку од 48 часа откако Трамп се пофали дека американската војска целосно го уништила Иран, Техеран собори борбен авион Ф-15Е и зароби двајца војници. По ова, Централната Агенција за Разузнавање заедно со елитните „Фоки“ спроведоа спасувачка акција за официрот. Пред да биде лоциран, ЦИА започнала со софистицирана операција за измама во која ширеле дезинформации дека американските сили го извлекуваат пилотот по копнен пат. по спасувањето, Трамп се пофали на социјалните мрежи дека пилотот е спасен. Се огласи и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
-Откако уништивме 70 проценти од нивниот (иранскиот) капацитет за производство на челик кој служи како суровина за производство на нивното оружје, денес ги нападнавме петрохемиските постројки.
Трамп претходно се закани и дека ќе го бомбардира Иран, односно, како што кажа, ќе го врати во камено доба. Во воздушните напади кои го изврши САД, срушија и новоизграден мост во близина на Техеран. Иранците кои живеат во близина, велат дека и во каменото доба биле понапредни од американците.
-Кога бевме и во камено доба, бевме понапредни од америкаците. Кога си ја сакаш својата земја, ќе ги сакаш и урнатините што останале од вашиот дом.
Во меѓувреме, Иран со дрон нападнал и нафтен комплекс во Бахреин, по што од компанијата соопштија дека избил пожар како последица на нападот. Според новинската агенција на Бахреин нема повредени лица, а противпожарните екипи работат на локализирање на проблемот.

