Драма во училиште во Германија: Повредени се 19 ученици, сѐ почнало во ходникот

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во училиште во Германија: Повредени се 19 ученици, сѐ почнало во ходникот

Според прелиминарните информации, 16-годишник бил физички нападнат во училишниот ходник од двајца непознати напаѓачи кои користеле бибер спреј, објавува германскиот портал WDR.

После тоа, и нападнатиот ученик, како што се наведува, користел бибер спреј во самоодбрана и ги испрскал напаѓачите, кои потоа избегале кон излезот од зградата.

Бибер спрејот се проширил низ целата училишна зграда и предизвикал повреди кај други ученици. Полицијата известува дека најмалку 19 други ученици се здобиле со полесни повреди поради изложеност на спрејот.

Деветмина од нив се однесени во болница како мерка на претпазливост, со тешка иритација на очите.

Полицијата го конфискувала бибер спрејот што го користел 16-годишникот и започнала истрага за инцидентот за тешка телесна повреда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата