Доживотен затвор за мајката која што си ги уби децата и избега од државата- нивните тела беа најдени во куфери

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доживотен затвор за мајката која што си ги уби децата и избега од државата- нивните тела беа најдени во куфери

Ли е прогласена за виновна за убиствата на осумгодишната Џун Џо и шестгодишната Минву Џо во 2018 година, кратко по смртта на нејзиниот сопруг, објави денеска Би-Би-Си.

Според пресудата, Ли мора да отслужи најмалку 17 години затвор пред да има право на условна слобода.

Телата на децата беа откриени во куфери во 2022 година, кога еден пар ја купи содржината на напуштен магацин во Окленд на аукција.

За време на судењето, одбраната тврдеше дека Ли била ментално нестабилна во времето на убиствата поради влошување на менталното здравје по смртта на нејзиниот сопруг.

Тие рекоа дека Ли се обидела да се самоубие и ги убила децата давајќи им антидепресиви измешани со сок, но дека погрешно ја проценила дозата.

Обвинителството, од друга страна, тврдеше дека тоа бил себичен чин да се ослободи од товарот на самохраното родителство.

По злосторството, Ли го променила името и избегала во Јужна Кореја, каде што е родена, а била уапсена во септември 2022 година и екстрадирана во Нов Зеланд.

На судот биле прочитани емотивни изјави од семејството, вклучувајќи ја мајката на обвинетата и роднините на нејзиниот покоен сопруг, кои ја изразиле својата болка поради загубата на децата.

Судијата Џефри Венинг во образложението за пресудата нагласи дека менталното здравје на Ли играло улога, но дека нејзините постапки биле пресметани.

Тој препорачал Ли да се третира како „специјален пациент“ за време на нејзиниот престој во затвор, со оглед на нејзината ментална состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата