Оние кои веќе заспале беа разбудени од силните експлозии, тие пак кои беа затекнати на улиците се дадоа во панично барање на засолниште – неизвесноста ја зголеми и пораката Трамп – „Мадуро е фатен“ – наговестувајќи негово заробување од страна на „Делта форс“ тимовите..
-САД успешно изведе напад од големи размери против Венецуела и нејзиниот лидер, Претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изведен надвор од земјата. Оваа операција беше спроведена со органите на САД за спроведување на законот.-Трамп
Сепак, стравот од експлозиите набргу се претвори во славје, апсењето на Мадуро уште од раните утрински часови доведе до големо славје на улиците на Венецуела, каде започна да се уништува и се што го носи ликот на нивниот претседател.
Заменик – претседателката на Венецуела Делси Родригез вели дека не знаат каде се наоѓа нивниот лидер, а од претседателот на САД – Трамп, побараа доказ дека Мадуро е жив.
-Бараме итен доказ дека претседателот Николас Мадуро е жив, како и првата дама Силиа Флорес.- Делси Родригез – Заменик претседател на Венецуела
Набргу по ваквото барање во јавноста пристигна и фотографија – Мадуро помеѓу двајца агенти на ДЕА. Потврдата за апсењето добил и сенаторот на Јута – Мајк Ли од страна на државниот секретар Марк Рубио – а, целта според него била да му се суди во САД.
Во операцијата која Трамп ја нарече брилијантна, таргетирани се повеќе стратешки и воени точка во Венецуела – Форт Тиуна, голема воена база во Каракас, воздухопловната база Ла Карлота, исто така позиционирана во престолнината, како и Хигероте аердоромот во Миранда на северот на државата. Министерот за одбрана на Венецуела – Владимир Падрино порача дека станува збор за варварска инвазија на нивната света земја.
-Го информираме целиот свет, луѓето на венецуела беа цел на најголема криминална агресија од страна на владата на САД. – Владимир Падрино Лопез – Министер за одбрана на Венецуела
Нападот врз Венецуеал наиде на поддршка од партнерите, но и на осуда од страна на политички неистомисленици. Меѓу оние кои го осудија нападот беа, Русија, Колумбија, Иран, како и сенатори од демократската партија во САД.
Иако нападот беше ненајавен, не беше целосно неочекуван - тензиите помеѓу Вашингот и Каракас растеа со месеци. Првично беа ликвидирани лица кои според Трамп шверцувале дрога во САД, па имаше заплена на танкери со нафта, а САД поставија и носачи на авиони во близина на Венецуела. Во меѓувреме Претседателот Мадуро беше под силни санкции на Америка.
🚨#BREAKING: Reuters reports that U.S. ground forces and United States Air Force assets are currently on the ground and active in and around Caracas, Venezuela. Multiple explosions have been reported and observed across the capital as operations continue. pic.twitter.com/96mTpvxmQX
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) January 3, 2026

